НИЕ СМЕ

Приказната Зад Нашиот Подкаст

Зад Микрофонот

САРА АНАСТАСОВСКА

Модератор

Сара Анастасовска е дипломирана актерка на Факултетот за драмски уметности – Скопје.Досега се има играно во неколку македонски долгометражни(„Ефектот на среќата“, „Снежана на крајот умира“) и краткометражни филмови(„Прашливи цвеќиња), ТВ серијали („Фамилијата Марковски“, „Преспав“, „Пет плус фамилија), реклами и слично.

На театарската сцена, има учествувано во претстави и од јавната и од независната сцена. Во овој момент работи како креативен пишувач на маркетинг текстови.

Во „Културниот подкаст на Сара и Мартин“ за прв пат е во улога на модератор.

МАРТИН АНАСТАСОВСКИ

Модератор

Мартин Анастасовски е во „Културниот подкаст на Сара и Мартин“ е во улога на модератор. Тој има универзитетска диплома по политички науки и меѓународни односи на факултетот ,,Мontclair State University’’ во Њу Џерси.

Тој има петгодишно работно искуство во невладини организации посветени на економски развој и образование и бил учесник на повеќе од пет меѓународни конференции во земјава и надвор од неа, на теми поврзани со политики за млади, цивилни општества, владеење на правото и евроинтерграции. 

МАРТИНА МИТРЕВСКА

Графички Дизајнер

Во 2020 дипломира криминологија на Факлутетот за безбедност и криминалистика, а во 2021 дипломира на академијата за графички дизајн при “Џолев и уметностите”.

Има управувано со повеќе кампањи за различни клиенти, ефективно организирање на сите видови настани, целосно посветена на креативноста, иновативноста, претприемништвото, гастрономијата и неформалното образование.

Културниот подкаст на Сара и Мартин

„Културниот подкаст на Сара и Мартин“ е авторски подкаст кој го истражува светот на уметноста и културата. 

Подкастот е поддржан од „Министерство за култура“ и „Град Скопје“. Модератори на подкастот се Сара Анастасовска и Мартин Анастасовски.

Концептот на секоја епизода е различен во зависност од околностите во кои таа е снимена. Најчесто секоја епизода се состои од интервју со индивидуа или група на луѓе од областа на уметноста и краток личен осврт на разговорот и темите кои истиот ги опфаќа.

Наша Цел

Да осознаеме и да споделиме приказни од и за уметноста, приказни кои на слушателите ќе им овозможат да откријат многу нови уметници, да ги слушнат нивните животни искуства и ставови.

Дискутираме на значајни теми и се обидуваме да отвориме значајни прашања, а понекогаш и да дадеме одговор на истите.

Make a Donation

We’re a non-profit team of Podcasters. When, while the lovely valley teems with vapour around me, and the meridian sun strikes the upper surface.