Епизода 11: ФИЛИП АВРАМЧЕВ – СКОПЈЕ ЛАЈТ АРТ ДИСТРИКТ

Скопје Лајт Арт Дистрикт (Skopje Light Art District) е визуелен перформанс кој се одржува во Скопје изминативе неколку години. Овогодинешното издание започна на 8 септември, денот на македонската независност, а траеше четири дена и понуди 15 проекции низ градот.

Целта на Филип Аврамчев, организатор на настанот, е да ја збогати понудата на уникатна забава и разонода, на начин што го поставува Скопје на европската мапа на културно-уметнички активности. Во суштината на овој обид е и тоа да се понуди култура и уметност која е прифатлива за поширок дел од популацијата.

На неколкуте изданија на Скопје Лајт Арт Дистрикт настапувале уметници од повеќе земји низ Европа, како и домашни уметници на дигиталната визуелна уметност. Оваа година, бруталистичкиот објект на Поштата во центарот на Скопје беше претворен во „платно“ за уметникот Емил Петро од Македонија а дигитални визуелни креации беа исто така проектирани и од возило во движење – дело на Мартин Димитријев.

Во емисијата Мартин разговараше со Филип Аврамчев на неколку теми: организирање на настанот, можностите истиот да се прошири на други локации, реновирањето на Универзална сала, уметнички инсталации на отворено и прашањето на вандализам, и многу повеќе.

За повеќе информации, посетете ја официјалната страна на Skopje Light Art District.

Слушни уметност, слушни култура!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *