Епизода 13: ТЕА БЕГОВСКА

Во оваа епизода разговараме со режисерката Теа Беговска за првото издание на онлајн интернационалниот фестивал „Sturm und Drang“, за театарот, за институционалната и за независната сцена, за односот режисер актер, за довербата која е неопходна во еден креативен процес и за уште многу други интересни теми вредни за слушање.

Теа Беговска  во 2013та година дипломира на  Факултетот за театарски уметности – ЕСРА во Скопје. Од почетокот на студиите па се до денес комплетно се посветува на работење интересни и иновативни проекти, како на институционалната така и на независната сцена.

Најновиот проект на Теа Беговска, оваа година, е првиото издание на онлајн интернационалниот алтернативен фестивал „Sturm und Drang“ за кој и самата кажува дека е најголемиот предизвик кој си го задала досега.Фестивалот претставува интернационална платформа за промоција и соработка помеѓу уметниците ширум Европа. Оваа година на фестивалот учествуваа вкупно 11 различни продукции од: Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Словачка, Англија, Гранција, Италија и од Австрија.

Во главен фокус на овогодинешното издание на „Sturm und drang“ беа интернационалната и студентската програма.

Во интернационалната програма учествуваа независни театарски групи кои работат алтернативен театар, освен една институционална продукција на Словенско Младинско која учествува со претстава на Драган Живадинов.

Додека пак студентската програма се состоеше од повеќе работилници, мастеркласови, универзитетска конференција и неколку студентски претстави.

Слушнете го нашиот разговор и уживајте!

Слушај уметност, слушај култура, слушај Културен Подкаст!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *