Епизода 14: ЃОКО ЗДРАВЕСКИ

… во аголотпајак – бродоломник
крои планови
за нов дом

нашиот е
куќичка за птици – преселници

ние сме
бротче од хартија среде потоп
кое копнее
по копно
Стиховиве се дел од збирката „Куќичка за птици преселници“, една од неколкуте каде што може да се вкуси креативниот нектар на Здравески, чие творештво е обезбременето од императивот на „тешка“ поетичност со цел да се пишува поезија.

Во разговорот со Ѓ. Здравески ќе дојдеме и таа попатна станица – неговиот, така да се каже, метод на пишување поезија, кој се заснова на нужна бестелесност. После голем број изданија на настанот „Астални Проекции“, Здравески и неговиот соработници во поезијата ќе го организираат првиот поетски фестивал во Скопје, за што ќе слушнеме во епизодата.

Ќе ги слушнеме и неговите размислувања за, условно кажано, силата на промена што се содржи во луѓето што креираат поезија и разните видови на уметност, и како тие се неминовно сопоставени кон прашањето на политичките системи што ни ги креираат впечатоците од реалноста.

Секако, има уште многу симболи и содржини што се содржат во разговор кој се слуша како прошетка по планинска патека.

Слушај уметност, слушај култура, слушај Културен Подкаст!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *