Слушнете ја осумнаесеттата епизода на „Културниот Подкаст на Сара и Мартин“.

Разговараме со Дијана Томиќ-Радевска и Бојан Георгиевски – куратори на две битни изложби што беа поставени минатата година во резиденцијата на Европската унија во Скопје, со наслов Уметноста на досадата и Бегство.

Оваа година со почеток во март и во текот на следните неколку месеци, на истата локација на улица Ацо Караманов бр 22, ќе биде одржана нова изложба која ќе биде повторно курирана од Дијана и Бојан. Насловот на оваа изложба е Розеви Тигри, Златни Гуштери и Што Уште Не. Изложбата ќе биде отворена до до 20 Мај, оваа година и срдечно ви препорачуваме да ја посетите.

Дијана Томиќ-Радевска е сликар, графичар, концепциски уметник и куратор на уметноста со повеќе од 30 самостојни изложби кај нас и во странство. Бојан Георгиевски е сопственик и раководител на уметничката галерија Акантус која неколку години изложува воспоставени и нови уметници од македонија.

Слушнете го нашиот разговор и уживајте!

Слушај култура, слушај уметност, слушај „Културен Подкаст“!

Бојан Георгиевски
Дијана Томиќ-Радевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *