,,Зошто кастинзите се најчесто затворени? А зошто пред кастинг добиваме само една сцена од сценариото? Што е пример за добар „showreel“?’’ И така натаму, и така натаму…

Како актерка, отсекогаш имав многу прашања на тема КАСТИНГ.

Со оваа епизода сакав да дојдам до одговори на овие прашања , прашања кои еден актер ги има најчесто за време на или по студиите. А кој би ги имал најдобрите одговори на оваа тема, ако не кастинг директорката Kirijana A. Nikoloska.

Киријана Алушевска Николоска е кастинг директорка која досега има работено на огромен број филмски проекти, домашни и странски. Помеѓу нив се филмовите „Сестри“ во режија Дина Дума, Северен Пол“ во режија на Марија Апчевска, „Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона С. Митевска, „Ослободувањето на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија, „Џган“ во режија на Вардан Тозија, детската серија „Зоки Поки“ итн.

Исто така, Киријана А. Николоска е и еден од основачите на меѓународниот филмски фестивал за документарен филм – МакеДокс.

Покрај нејзината кариера како кастинг директор, на многу филмски проекти била и во улога на асистент на режија и координатор на статисти. Нејзината кариера како филмски работник, општо започнува со снимањето на детската серија „Наше Маало“.

Слушнете го нашиот разговор и уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *