Епизода 8: ТАЛЕНТИ САРАЕВО 2021

Талент кампусот на Сараевскиот филмски фестивал е платформа за идните филмски професионалци од Југоисточна Европа и Јужен Кавказ, во која секоја година се одбираат 55-65 кандидати за интензивна петдневна програма, која се состои од повеќе различни работилници за режисери, актери, сценаристи, новинари и критичари, како и обука со некои од водечките светски филмски професионалци.

Во програмата на „Таленти Сараево 2021“ оваа година учествуваа шест кандидати од Македонија. Актерките Сабина Мемиши, Тамара Ристоска, Сара Анастасовска (која беше одбрана претходната година, но фестивалот се одржа онлајн) во сегментот „Acting studio“, Филип Мишов и Кристијан Фидановски беа дел од работилницата „Talent press“, додека режисерката Сандра Ѓоргиева со нејзиниот краток филм „Еден тон сладолед“ учествуваше во секторот „Pack & pitch“. каде освои награда за најдобар пич (претставување) и парична награда за постпродукција на звук.

Во оваа епизода учествуваат сите кои беа дел од Таленти Сараево 2021 (освен актерката Сабина Мемиши, која што нажалост не беше во можност). Целта на нашиот разговор е да го раскажеме убавото искуство и да пренесеме информации за тоа кои се бенефитите од талент кампусот, што е потребно за да се аплицира и слично.

Слушнете го нашиот разговор и уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *