„Театарската критика треба да биде пријател на театарската претстава, ама од оние строги пријатели, оние отворени и искрени пријатели кои ги имаме.“ – Ана Стојаноска

Во овој подкаст ќе зборуваме со Проф. Д-р Ана Стојаноска, која е театролог, писателка и професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Слушнете го нашиот разговор и откријте повеќе за театрологијата, за театарската критика и колку е клучно нејзиното влијание за позитивен развој на театарот.

Ана Стојаноска има учествувано на многу симпозиуми, научни трибини и работилници од областа на театрологијата, компаративната книжевност и културологијата. Исто така, е дел од авторскиот тим на Поимникот на книжевната теорија, член на Друштвото на писателите на Македонија и има работено како истражувач -координатор во Институтот за театрологија при ФДУ.

Авторка е на драмата „Трогледало“, монодрамата „Стаклен лампион“, збирката поезија „Трепетлика“, романите „Јас и Лин, отпосле“ и „Лебед“. Авторка е и коавторка на повеќе театарски монографии, приредувач на книгите: Драми од Дејан Дуковски и Современа македонска драма и на деведесет студии и есеи објавувани во македонската и странската периодика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *