Голем број на актерски остварувања на независната сцена, авторски перформанси, основање на првата платформа за аудио книги на македонски јазик, стенд-ап настапи, настапи со Импров Група Настап… Ангела Стојановска секојдневно отркива и развива нови страни од актерската професија.

Во овој подкаст зборувавме повеќе за тоа како се создава авторски перформанс, за предизвикот успешно да се оствари споредна филмска улога која нема реплики, за првата платформа за аудио книги на македонски јазик „Само глас“, за тоа како се подготвува стенд-ап настап и за уште многу други интересни и забавни теми.

Слушнете го нашиот разговор, а потоа ако сакате паметно да го искористите вашето слободно време можете да проверите кога има следна изведба на перформансот „Срам“, да ја слушнете вашата омилена книга на платформата „Само глас“ или да си резервирате билети за Импров Група Настап!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *