Тони Димков е еден од ретките новинари, кој во текот на неговата триесетгодишна кариера константно и посветено зборува за светот на културата.

Преку неговите интервјуа, рецензии и критики објавени во различни медиуми, уметниците и културните дејци добиваат постојано признание и промоција на нивните дела и проекти, а публиката има можност да ги открива сите значајни новости од областа на културата и уметноста во Македонија.

Од своите студентски денови па се до сега, во неговата триесет годишна новинарска кариера има работено во многу различни форми на медиуми, како во емисијата „Добро утро Македонија“ на Македонската Телевизија, потоа за дневните весниците „Утрински“ и „Дневник“, неделниот весник „Граѓански“, магазинот „Глобус“, „Форум“, „Лајф Магазин“ и за порталот „МКД МК“. Во последните две години работи како уредник  на „Културен печат“, додаток за култура на „Слободен печат“.

Слушнете го нашиот разговор и откријте повеќе за тоа како изгледа работата на еден новинар во областа на културата, кои се најголемите предизвици, за новинарскиот жанр – интервју и што го прави едно интервју квалитетно, за тоа зошто е значајно новинарите да пишуваат театарски рецензии и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *