Sara Anastasovska

Епизода 11: ФИЛИП АВРАМЧЕВ – СКОПЈЕ ЛАЈТ АРТ ДИСТРИКТ

Скопје Лајт Арт Дистрикт (Skopje Light Art District) е визуелен перформанс кој се одржува во Скопје изминативе неколку години. Овогодинешното издание започна на 8 септември, денот на македонската независност, а траеше четири дена и понуди 15 проекции низ градот. Целта на Филип Аврамчев, организатор на настанот, е да ја збогати понудата на уникатна забава и…

Read More

Епизода 10: МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ – КРЕАРТ 2

„Музеите се места каде што луѓето можат да дојдат по својата културна гратификација и световидна наобразба” се изјасни Martin Anastasovski по неговите неколку посети на Музеј на Град Скопје додека оваа културна институција беше во фаза на реновирање. Оваа емисија во главно прави осврт на изложбаата Креарт2, која беше поставена во реновираната хала на музејот,…

Read More

Епизода 9: ОГНЕН АНТОВ

Соништата постојат со цел да бидат реализирани.  Пример за оваа мисла е македонската продукциска куќа ,,Дрим Фактори’’, која од 2007та година па се досега реализира огромен број на филмски проекти, од сон во реалност.  Во оваа епизода зборуваме со продуцентот Огнен Антов, кој е основач на продукциска куќа „Дрим Фактори“, која продуцира играни филмови, ТВ…

Read More

Епизода 8: ТАЛЕНТИ САРАЕВО 2021

Талент кампусот на Сараевскиот филмски фестивал е платформа за идните филмски професионалци од Југоисточна Европа и Јужен Кавказ, во која секоја година се одбираат 55-65 кандидати за интензивна петдневна програма, која се состои од повеќе различни работилници за режисери, актери, сценаристи, новинари и критичари, како и обука со некои од водечките светски филмски професионалци. Во…

Read More

Епизода 7: КИРИЈАНА А. НИКОЛОСКА

,,Зошто кастинзите се најчесто затворени? А зошто пред кастинг добиваме само една сцена од сценариото? Што е пример за добар „showreel“?’’ И така натаму, и така натаму… Како актерка, отсекогаш имав многу прашања на тема КАСТИНГ. Со оваа епизода сакав да дојдам до одговори на овие прашања , прашања кои еден актер ги има најчесто…

Read More

Епизода 6: ТВОРЕШТВОТО НА ДИМЧЕ КОЦО

Дичме Коцо (1910 – 1993) – член на МАНУ, археолог, историчар на уметност и уметник, е еден од највпечатливите македонски уметници од старата генерација, чие име е практично многу малку познато кај општата популација. Оваа епизода е посветена на неговото творештво и е изработена по повод јубилејот што се одржа во Националната галерија Чифте Амам….

Read More

Епизода: НОВ ГЛАС НА НЕЗАВИСНАТА ТЕАТАРСКА СЦЕНА

На 26ти септември 2021 година на сцената на дансинг салата во Младинскиот Културен Центар, премиерно за прв пат во Македонија, беше изведена претставата „Вистинскиот запад“ во режија на Борис Василевски, во изведба на актерите Маријан Наумов, Томислав Давидовски, Мартин Манев и Тања Кочовска и во продукција на Ава Хусеини. Драмата „Вистинскиот запад“ од америчкиот автор…

Read More

Eпизода 4: УМЕТНОСТА НА УЛИЦА НЕМА ПРАВИЛА

„ТЕАТРОСК“ е македонска продукција што создава улична уметност, вклучувајки живи статуи и пантомима. Организираат голем број на настани, промоции, перформанси и фестивали кај нас и надвор. Повеќе од десет години патуваат низ светот и настапуваат на интернационални фестивали за живи статуи и баскери.  „Театроск“ за актот „Контрабас“ има освоени прво место од гласањето на публиката…

Read More

Епизода 3: БАТУХАН ИБРАХИМ

Во оваа епизода зборуваме со младиот филмски режисер, Батухан Ибрахим. Батухан Ибрахим во 2020тата година дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје. Досега има работено на многу филмски проекти, како режисер, скриптер и како асистент на режија. Неговиот краток филм „Twisted“ беше примен на повеќе интернационални филмски фестивали на кои досега има освоено награда…

Read More

Епизода 2: ФИЛМ ВО ТЕАТАР

Во оваа епизода разговараме со театарскиот режисер Синиша Ефтимов и актерите Фаик Мефаилоски и Исидор Јованоски. Оваа епизода е снимена само неколку дена по премиерата на претставата „Четири соби“ во Велешкиот театар „Јордан Х.К Џинот“. Претставата „Четири соби“ е адаптација на истоименото филмско сценарио „Четири соби“, омнибус во режија на Квентин Тарантино, Роберто Родригез, Александар…

Read More